Му го украл мобилниот телефон и ги злоупотребил личните податоци.
42 годишен охриѓанец успеал да го украде мобилниот од момче од Пештани и направил вистински хаос по социјалните мрежи. Му ги користел податоците и апликации во контакти со други профили и му предизвикал огромна штета.. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П. (42) од Охрид, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
-Тој, на 24.11.2019, на ул.,,Партизанска“ во Охрид му го одзел мобилниот телефон на Т.В. од охридското село Пештани и почнал да ги користи неговите апликации на социјалните мрежи, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
