Улогата на полицијата во демократизацијата – проект на ИПА во Охрид

„Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“, е насловот на проектот што викендов во Охрид се реализираше во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Оддел Македонија.


-На денешните завршни сесии, ќе биде извршена презентација на тема „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локална заедница“-дефинирање на основните поими и осврт на законската рамка во Република Македонија како и осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија. Меѓу другите, во рамките на проектот беа направени и осврти по темите „Основни човекови права и слободи“, „Предизвици на полицијата во врска со основните човекови права и слободи“,„Кодекс на полициската етика“ и други, информира портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.


Предавачи се релевантни полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани