80 инвалиди од Охрид чекаат работа, злоупотреби има

Со европски пари се обучуваат инвалидизираните лица за нивно вработување. Според евиденцијата на агенцијата за вработување 80 инвалиди се невработени во Охрид.

 

И покрај бенефициите од државата сепак злоупотреби при вработување на лицата со инвалидитет, дискриминација и предрасуди при нивното вклучување на пазарот се уште ги има.

-„ Во секој тип на вработување често наидуваме на поплаки и на незапазувае на правото на работникот што не е исклучен и случајот на инвалидните лица. Во моментот немпжам да посочам конкретен случај но секако во секое работно место има поплаки има незадоволство“ , вели Маја Ташева Биткоска соработник за поддршка при вработување од Агенција за вработување.

Има инвалидни лица со завршено високо образование, кои за жал неможат да најдат работа. Затоа инвалидите бараат повеќе бенефиции за нивно вработување.

-„Сега ние се трудиме и на ниво на државата да се зголемат тие бенефиции за приватниот сектор да се зголеми интересот и да секој инвалид да не биде тоар на државата туку да извршува некои работи кои може да ги обавува“, вели Венко Голабоски претседател на здружение на инвалиди „Мобилност“.

Проблеми имаат и родителите на децата со посебни потреби. Биолошките родители се обесправени, а згрижувачките семејства кои добиваат многу поголем надомест честопати ги злоупотребуваат децата.

-„ Како биолошки родители се чувствуваме многу обесправени. Затоа покрената е иницијативата “Пет до дванаесет”. Неправдата е голема. Замислете ние како биолошки родители сме многу деградирани. Ако вие одлучите детето да влезе во згрижувачко семејство, неговиот месечен надоместок е 15 000 денари. Додека нашиот надоместок за нашите деца е 4 200 денари“, Орхидеја Топенчарова од дневниот центар “Зраци” Охрид.

Родителите на деца со посебни потреби бараат социјалните служби да вршат повеќе контроли во згрижувачките семејства.

Новинар Соња Рилковска

канал 5 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани