УНЕСКО: Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

УНЕСКО бара мораториум на градење во Охрид.

УНЕСКО-Организацијата на Обединетите нации за заштита на светското културно наследство, во најновиот извештај препорачува да го стави природното и културното наследство на Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство. УНЕСКО бара да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, но и на каква било урбанистичка трансформација. Барањето е поради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност.Ваквата реакција доаѓа по низата платформи на кафетериите што се навлезени во езерото, најавите за градење на Галичица, хотелот во Лагадин, кој се гради на самиот брег, но и градбите во целиот регион, кој е заштитено богатство. Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација. Во извештајот се препорачува да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје и да се урнат оние што претставуваат опасност за природното и културно наследство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани