Уредена пешачка патека во село Завој

Како дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид, деновиве беа реализирани активности за уредување на пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата.

 

Пешачката патека е поплочена со 450 м2 бехатон плочки и поставени се соодветни рабници. По налог на локалната самоуправа, работните активности ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“.

За оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа издвоени 600.000 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани