Уште еден смртен случај од корона во струшко

Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

Во: – Скопје 34 – Куманово 13 – Тетово 8 – Струга 1 – Битола 1 – Кавадарци 4 – Гостивар 20 – Струмица 2 – Берово 1 – Кичево 3 Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од: – Скопје 35 – Куманово 1 – Штип 4 – Тетово 1 – Гостивар 1 – Пробиштип 2 – Кратово 1 – Свети Николе 6 Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.

Social profiles