Успешен Генералка викенд во Охрид

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти мај 2024 година во Охрид.

Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка Шпаркасе Банка и Kостал Македонија Дооел. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и хотел „Метропол“ до населба Лагадин и село Пештани. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта и градинката со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото.

Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.

Social profiles