Утре почнува фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“

Од утре, се до 27 месецов, во градот Охрид ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“.

Фестивалот се одржува по втор пат и преминува во една традиција во која меѓу другото се одбележува и денот на Република Словенија. Свеченото отворање на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“ ќе биде на 24.06.2017 година во 20 часот на летната сцена на Долни Сарај – Охрид. Напоменуваме дека на отварањето ќе присуствува и свое обраќање ќе има Н.Е, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија г-дин Милан Јанзбец .На денот на отворањето на фестивалот во 22 часот на сцената на Долни Сарај, концерт ќе одржат Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франs Покрај тоа што ќе се изведуваат изведби на летната сцена на Долни Сарај, исто така изведби ќе има и на повеќе локации низ градот Охрид за кои јавноста дополнително и навремено ќе биде информирана. Од аспект на културно зближување на Република Македонија и Република Словенија ги покануваме и повикуваме љубителите на културните манифестации да присуствуваат како на самото отворање така и на другите изведби на артистите и уметниците од Република Словенија, порачуваат од Здружение на граѓани Артвивенди 2016.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани