Привршуваат подготовките за годинешното 56-то издание на Балкански фестивал на народни песни и игри.
Балканскиот фестивал е најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите а е во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Фестивалот е во својот традиционален термин од 6 до 9 јули 2017 на сцената „Долни сарај“ и се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и подржана од Министерството за култура.
Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот, велат од тимот на фестивалот.
Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот. Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.