УТРЕ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПАЗАР НА ИДЕИ

Саемот ќе се одржи кај ТЦ „Амам“ од 12 до 15 часот.

Општина Охрид заедно со друштвото за производство, трговија и услуги О3 Инвест Скопје организираат Саем за Вработување и Пазар на Идеи во Охрид. Настанот кој ќе има цел да ги соедини работодавците и искусните професионалци со барателите на работа под еден кров, ќе се одржи утре во непосредна близина на ТЦ Амам во период од 12 до 15 часот.Саемот за вработување е еден од најзначајните настани кои ги поврзуваат организациите од различни сектори вклучувајќи владини, невладини, приватни и интернационални на едно место со високо конкуретни и професионални лица кои бараат работа, а со тоа служат како платформа за отворени и широки можности за вработување.
-Саемот ќе е одлична можност за организациите и комапниите да се претстават и да ги запознаат посетителите со начинот на кој работат, како и да условите што би требало да ги поседуваат кандидатите за вработување или пак за практикантска работа, велат организаторите.
Општина Охрид ги охрабрува сите заинтересирани лица да го посетат саемот со надеж дека ќе станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој тип на претставување на понудата на пазарот на трудот, додаваат од локалната.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани