Утре во Охрид започнува фестивалот „Канео фест“.
Во Охрид утре почнува 17 издание на познатиот фестивал „Канео фест“.Оваа година, фестивалот ќе се одржи на новиот мини плоштад до ТЦ „Амам“(наспроти Македонска пошта), со почеток во 20 часот.Годинешниот „Канео фест“, ќе донесе 20 новосоздадени македонски песни од поп и фолк музиката а специјални гости во ревијалниот дел на фестивалот ќе бидат охридската група „Камелеон“,како и доајенот на македонската народна песна Наум Бурназ.Фестивалот е во организација на Телевизија Морис,а е поддржан од Општина Охрид.
