Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје.
Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад Т.Ц.АМАМ. И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата тоалетите ќе бидат надвор од употреба.

