Василески: Гласав со чиста мисла и храброст за евроинтеграција

И Сашо Василевски јавно проговори и појасна зошто  гласаше за пристапување кон измени на Уставот.

 

Во изјава за Тв21 објаснува дека гласал спротивно од ставот на партијата бидејќи тоа било единствениот пат за евроинтеграција. 

– Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон, вели.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани