Со натоварена „Застава“, дрвокрадецот од ресенско бегал од шумската патрола, возел како да е на трки.
На 19-ти овој месец, во 04 часот и 40 минути, на магистралниот пат Охрид-Битола, М.Л. од ресенското село Јанкоец, извршил казнени дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „физички напад“.
-Тој, управувал патнички автомобил марка „Застава 101“ натоварен со огревни дрвја и кај селото Куратица се обидел да ја избегне контролата на овластените лица од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, притоа ја зголемил брзината на движење и со автомобилот се обидел да избега кон селото Свињишта. Откако бил престигнат и сопрен, М.Л. физички го нападнал М.Ј.-овластено службено лице од „Македонски шуми“ по што веднаш избегал, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Додава дека Свр Охрид презема мерки за целосно расветлување на настанот.
