Вечерва, во охридскиот хотел „Филип“ свој концерт ќе одржи светски познатиот џез музичар од Охрид Владимир Четкар со својот секстет.
Вечерашниот концерт на композиторот и гитарист со светска кариера Владимир Василевски-Четкар, е трет од ваков вид што се одржува во хотелот „Филип“ во Охрид. Четкар е првиот македонски музичар кој во март годинава настапи на престижниот Џава џез-фестивал во Џакарта, Индонезија, каде на една од главните сцени ќе се претстави со своја авторска музика.Пред тоа, македонскиот џез, соул и фанк музичар имаше турнејата во Малезија, Камбоџа и Индија каде настапи на тамошните најзначајни џез-фестивали и доби одлични критики во националните медиуми во Југоисточна Азија и Индија. Неговиот концерт во Мумбај беше најавен и во најпродаваниот дневен магазин на англиски јазик во светот „Тајмс оф Индија“
Вечерашниот концертот во охридскиот хотел „Филип“ ќе започне во 21 часот.