Велгоштанец агресивно се однесувал во спортска обложувалница.
На 11.09.2021 година околу 19 часот, во СВР Охрид приведен е Н.М.(34) од охридското село Велгошти кој претходно, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
