Верниците од Охрид ќе почитуваат, за Велигден вечерва дома

Наместо илјадници гости од земјава и странство, верници од сите краишта, преплавени градски улици, метеж во сообраајот, преполни излетнички места на езерскиот брег, во Охрид за прв пат во историјата една поинаква слика за Велигденските празници. Морничаво тивко и празно.

Богослужби има во сите црковни храмови, но верници нема.
Охриѓани дисциплинирани. Вчера кажаа дека ќе ги почитуваат препораките. Нема да одат во црква. Веста за Христовото воскресение вечерва на полноќ ќе ја дочекаат во своите домови.

„Ќе ги почитуваме препораките на Владата , што ни се дадени тоа е за наше добро. Ова е само упте едно искушение кое ни го праќа Бог за да се поправиме. Вирусот ќе помине. Луѓето се уплашен, но затоа што знаеме дека псоле дождот доаѓа сонцето. Јас се надевам ќе извлечеме голема поука од ова ќе се поправиме ќе се смеириме бидејки луѓето претераа и со страсти и со се. Господ е голем ќе ни помогне’, вели еден верник.

И оние гости, кои имаат викендици од други градови и пристигнаа во Охрид пред полицискиот час, велат жалат што не може да одат во црква , но ќе почитуваат и ќе останат во своите домови.

– „Јас сум од Скопје имам тука куќа си дојдов овде. Јајца фарбавме помалку ќе готвиме Ќе седиме дома, штета е што не можеме да одиме во црква“, вели гостинка од Скопје.

Верниците во најголемото духовно светилиште во земјава, Балканскиот Ерусалим , вечерва богослужбата од Светиклиментовиот храм на Плаошник ќе ја следат преку локалните медиуми.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани