Верниците во џамиите со маски и дистанца

Како што одлучи Исламската верска заедница, денеска се отворија џамиите во земјава.

За исполнување на религиозните обврски во текот на светиот месец Рамазан отворена е и Алипашината џамија во Охрид. Таму беше денес централната молитва. Верниците точно во 13 часот пристигнаа во верските објекти.
Припадниците на исламската верска заедница велат ќе ги почитуваат здравствените препораки, на молитва ќе носат маска и ќе држат дистанца.

-„Да нормаллно е дека ќе одиме Фала ну на Бога што има позтиивни работи што се отворат џамиите.Моментално да ние си држиме Рамазан ни треба да се отворат. Нормано ќе нсиме маски“, вели еден верник.

-„Денеска ќе одиме на молитва имаме маски, имаме ракавици тие заштитни средтсва се шо треба шо има препораки. Ние се радувам целосно шо ги отвораат џамиите“, вели еден верник.

– „Нека се отвораат џамиите , нека се работи, мносу се затворивме“вели еден верник.

Имаше и такви верници кои сметаат дека е рано за отворање на верските објекти. Не треба да работат ниту црквите, ниту џамиите.

-„Ќе одите на молитва? На молитва не. Ако се отворат џамиите ќе имаме повеќе болести. Не треба да се отворат ниту џамии, ниту цркви“, вели еден граѓанин.

-Верувам во се, ама не одам ни во џамија ни во црква. Дали треба или не треба не знам. Можеби би требало но со помалку луѓе и со поголемо растојание“, вели друг граѓанин.

– „Ко можеше да биде затворена црквата за Велигдне зошто да не е затворена џамијата за Рамазан“,

Од охридското муфтиство не сакаа да зборуваат пред камаера. Од таму велат се држат до официјалниот став на ИВЗ., од каде пак велат дека внимателно го следеле подобрувањето на здравствената ситуација во земјата и намалувањето на бројот на заболени. Па токму затоа на вонредниот состанок на 7 мај донесоа одлука од денес џамиите да бидат отворемо за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани