Весела атмосфера на охридскиот плоштад за дочекот на 2020 година

Весело, разиграно и распеано охриѓани и бројните  гости од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата 2020 година на охридскиот плоштад.

Илјадници посетители, преполн плоштад, насмеани  лица, задоволни и гостите  и домаќините. Круна на вечерта беше  новогодишниот    огномет.

На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот. 

 –„Првично здравје, да сме здрави живи сите после се друго што треба ќе си дојде“ ,вели Константин Горгиески градоначалник на општина Охрид.

 За забавата на плоштадот се погрижија Ефто Пупиноски,  Камелеон и Ѓоко Танески. Граѓаните си посакаа  љубов, мир и подобар живот.

 -„Поздрав од Србија, од Зрењанин! Ве сакаме Македонија. Како ви се допаѓа Охрид? Екстра екстра! Прв пат дојдовме  екстра е овде, сегде прошетавме… Ве сакаме Македонија! Среќна Нова година“ , вели гостинка од Србија.

 -„Супер е супер. Која е вашата новогодишна желба Здравје, Мир во светот“, , велат  гостин од Велес.

 -„Прв пат доаѓаме, но супер е. Што ќе посакате за Нова года? Здравје среќа и љубов тоа“, велат гости од Тетово.

 -„Пред се здравје и повеќе љубов бидејќи ни треба на сите “, вели гостин од Тетово.

 -„Атмосферата ми се допаѓа многу. Пред се мир во светот, радост “, вели гостин  од Кичево.

Забавата продолжува во Охрид , гости се очекуваат и  за Божик, Василица се` до  Богојавление. Инаку Новогодишната ноќ  мина мирно, без инциденти и тепачки и без ниедана сообраќајна несреќа.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани