„Весели“ кумановчани кршеле шишиња во диското „Парк“

Кумановска „весела четворка“ со алкохол ги прскала гостите во диското „Парк“ а потоа ги кршеле шишињата.

СВР Охрид приведе и од слобода лиши 4 лица ( две машки и две женски) од Куманово поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено утрово околу 03 часот и 30 минути во дискотеката „Парк“ во Охрид. Приведени се Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот а по кратко време еден од нив почнал да фрла со шишиња према присутните. И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња а во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедување.
-Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани