Вевчанецот им се заканувал и на полицајците.
Синоќа во 19 часот и 30 минути, на паркинг простор во близина на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, со кој стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Д.Г.(35) од Вевчани врз Н.С. (46) вработен во Јавното претпријатие.
– Д.Г. упатувал навреди и закани кон полициските службеници, тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
