Вевчани очекува илјадници посетители за карневалот

Од 12 јануари до 14 јануари традиционално , во Вевчани ќе се одржи легендарниот Вевчански Карневал.

 

Вевчанци живеат за овие денови. Паганските обичаи во комбинација со  модерното ја прават оваа уникатна манифестација. И годинава се очекуваат илјадници посетители да бидат дел од Вевчанскиот карневал. 

Ова е целосната програма за карневалот: 

12.01.2020

16.00-17.00ч. – Вевчанскиот Карневал низ призмата на Билјана Јуруковски – вевчанска изложба

17.00-19.00ч. – Вкуси го Вевчани – традиционално гурманско-шоу со Cooking with Branko

18.30-19.00ч. – Средба на градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски и  Љупчо Јаневски – Директор на Агенцијата за Туризам во кабинетот на градоначалникот со угостителите од општина Вевчани (ресторани, кафани, кафе барови) во општинската зграда

19.00 – 21.00ч. – DJ Todorоff

21.00 – 23.00ч. –  Brass Brothers

23.00 – 00.30ч. – Еye Cue

00.30 – 02.00ч. –  Влатко Лозаноски

 

13.01.2020

21:00 – 22:30ч. – Дамјан Стојановски со бендот

22:00 – 23:30ч. – Татијана Стефановска со бендот

23:30 – 02:00ч. – Дувачки Оркестар – Весела Дружина

 

14.01.2020

12.00 – 17.00 – Палење на маските

 

Главното дефиле на маски и уличниот театар ќе започнат од 14:00 часот на 13-ти јануари (понеделник) во центарот на Вевчани. На 14-ти јануари според обичаите, се палат маските на сретсело.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани