Целиот струшки регион од Велешта и Вевчани до Дримкол и Малесија се уште е без електрично напојување.
Струја немаат од утрово, повеќе од 13 часа. Проблем имаат и со телекомуникациите. Револтирани бараат надлежните итно да го средат проблемот бидејќи поголемиот дел од нив се греат ма електрична енергија.
– Смрзнавме, цел ден без струја. На свеќи во мрак. Страшно 20 сантиметри снег и гледаме Мепсо и Евн колку се неспособни. Дома имаме деца мали, фрижидерите со храна ни се одмрзнаа, велат во изјава за Охриднет жители на Вевчани.
