„Вевчанско лето“ за културна промоција на Вевчани

Богата програма на годинешното издание на фестивалот Вевчанско лето.

По двегодишна пауза, културната манифестација годинава повторно со настани на сцените во Вевчани. Претстави, концерти, изложби,промоции на книги, трибини, ќе го одбележат ова издание.
Целта е културна промоција на Вевчани и привлекување што поголем број посетители.

-„Поради короната Вевчанското лето беше во застој, годинава решивме да го отвориме покрај природните убавини да им понудиме на туристите и на вевчанци култура. Ќе имаме повеќе активности, културно збиднувања, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Во рамките на Вевчанското лето ќе се одбележи Денот на Непокорот, ќе се одржи и Фестивалот на народна култура „Пображење“.

„Настаните ќе се одржуваат на различни локации. Во мултукултурниот центар ќе се изложбите, ќе има настани на Вевчанските извори. На 7ми и 8ми ќе го прославиме вевчанскиот непокор, поврзан со случајот со водата од 87 ма година. Така да ќе има трибини, културни збиднувања кои ќе ја збогатат и културната и туристичката понуда во Вевчани“, додава Кочоски.

Манифестацијата, која започна на 16 јули ќе трае до 27 ми август е под покровителство на општина Вевчани. Фестивалот останува верен чувар на богатата автентична култура на вевчанскиот крај.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани