ВИДЕО: Охридскиот бисер „Филеви“ стигна и во Бекингемската палата

По повод посетата на Бакингемската палата во Велика Британија и средбата со неговото височество, кралот Чарлс Трети од страна на почитуваната амбасадорка од Македонија во Велика Британија, нејзината екселенција г-ѓа Катерина
Ставреска, покрај протоколарниот дел од средбата организирана на највисоко ниво со неговото височество, почитуваната амбасадорка ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од најубавите стари брендови кои традиционално ја претставуваат културата на Македонија и регионот низ светот.

-Брендот “Охридски бисер и филигран – Филеви Т.М.1928” изразува огромна благодарност за довербата и честа која ни беше укажана за овој величествен чин да биде избран токму нашиот луксузен заштитен и сертифициран,бисерен накит кој специјално го изработи со огромна љубов, почит и позитивна енергија, четвртата генерација изработувач на оригинален охридски бисер и почесен конзул на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев.

За неговото височество, кралот Чарлс Трети беа изработени копчиња за кошула од бисерни плочки гравирани со иницијали со посебна рачна техника и поставени во украсна филигранска уметничка контура.
За нејзиното височество, кралицата Камила се изработи бисерен ѓердан во три реда со брош од бисерна плочка гравирана со ликот на кралицата на основа од оникс поставен на филигранска уметничка контура.

ВИДЕО

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани