Вевчани инспирација на светските уметници – 13 та Меѓународна колонија „Вевчански видувања“

Живописното Вевчани и годинава  домаќин и иснпирација за врвните светски уметници. Започна 13 то издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“.Оваа година ќе творат  30 афирмирани сликари од земјава , од балканските,  европски земји и од Америка.

Колонијата ќе има хуманитарен предзнак, дел од сликите ќе се продаваат на аукција, а собраните средства се наменети за  хуманитарни цели.

– „Околу 30 тина познати ументици од Македонија и од светото во наредните две недели ќе творат во Вевчани. Исто така покрај афирмираните ликовни ументици, и оваа година со нашите партнери Шпаркасе банка  го реализираме проектот за млади и талентирани сликари кои што беа избрани на конкурс десет млади уметници и во овие две недели заедно со нивните колеги познати истакнати ументици заедно ќе творат“ изјави Ефимија Угриноска организатор на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Уметниците се инспирираат и  воодушевуваат од убавините на падините на Јабланица, најчесто ги сликаат Вевчанските извори, автентичните сокаци, старите куќи, дрвјата и цвеќињата…

– „Ова ми е прв пат овде во Вевчани, импресиите се фантастични ова е нешто неверојатно, колку е убаво инспиративно и има што да се слика. Јас сум од Јагуновце Тетовско овде сум прв пат. Ме интересира архитектурата положбата на местото потоците кои шумат покрај нас фантастично е“ , вели  Тодор Јовановски уметник.

– „Досадно е да ви кажам изворите, убавината, Вевчани го прават луѓето, динамиката на луѓето, нивната чесност, нивниот однос кон нас, прекрасни луѓе се. Вевчанец кога ќе ти даде рака, ти го дава срцето“, вели  Петар Попчев уметник.

И годинава како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се организира  Летна ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 60 млади идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност.

– „Исто така новина оваа година ни е соработката со Американската амбасада,  Професорка од универзитетот во Минесота ќе ни биде дел од детската ликовна школа која што исто така во овие две недели се организира во Вевчани, трета година по ред. Околу 60 тина дечиња се пријавени и ќе работат во работилници“  , додава Угриноска.

Почнувајќи од 2010-та, секоја година традиционално на крајот на месецот јуни,  во Вевчани се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Низ годиниве свој белег оставиле преку 250 врвни сликари учесници на колонијата.  Уметничките дела создадени во падините на Јабланица биле претставени на изложби ширум светот во Париз, Москва, Лондон и други светски метрополи.  Вевчани и Виа Игнација изминативе 14 години се бренд и храм на уметноста.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани