И овој празничен викенд Охрид преполн со туристи

На календарскиот почеток  на летото Охрид преполн со туристи. И овој празничен викенд солидна исполнетост бележат и хотелите на брегот на Охридското Езеро но и приватното сместувањ . Најбројни се организираните групи од Холандија,Англија,  Полска, Турција, има гости и од соседството Србија и Бугарија, но не изосатнуваат и домашните туристи.

Оваа туристичка сезона се очекуваат рекорден број гости, за 10 до 20% повеќе од лани.

-Летото ни започнува можеме да дадеме една оценка како една ретроспектива дека успешно стартуваше. Сведоци сме дека градот е полн со групи кои што ги гледаме низ Охрид и добро е тоа што групите кои што го посетвуваат Охрид имаат подолг престој не се како минатите години имавме голем број ноќевања со краток престој, но подобро е кога имаме групи со подолг престој, тоа е поголем бенефит за сите нас,  изјави  Челик Асим тур оператор.

Охрид и ова лето е најпродавана екскурзија во соседна Албанија. Туристите се воодушевени од културно историските споменици, вековната историја, древните цркви,  музеите и природата.

– Сите скаат да го видат Охрид. Импресионирани се велст преубаво е и повторно сакаат да дојдат. И*маме голем број туристи од Полска во9Албаијуа околу 1000 гости неделно се до октомври, вели  Доминика Ремашевска  туристички водич од Полска.

Слушав многу за Охрид, прв пат сум овде,  сум чула и за вековните охридски бисери, вели гостинкса од Полска

Милслам дека е преубаво тивко мирно преубави глетки, многу ни се допаѓа. Убави цени, убава баклава преубаво е, туристка од Полска

– Ја вкусивме македонската храна преубава е го препорачуваме Охрид, турист од Полска.

Од охридскиот аердорм има субвенционирани летови  од Холандија, Велика Британија, Србија, а од 24 јуни започнува и авио линијата Охрид Варшава.

Според официјалната статистика годинава заклучно со месец април. бројот на туристите во земјава е зголемен за 15.3 %,.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани