Заврши третото издание на Меѓународниот турнир „Колибри 2024“

Заврши третото издание на Меѓународниот турнир „ Колибри 2024“. На едно место собрани деца од различни култури и средини, среќни и насмеани детски лица и многу позитивна енергија. Благодарност до сите учесници од сите земји. Во генерација 2014/2015 победник беше екипата на КК Колибри-Охрид, каде на наше најголемо задоволство нашите најмали колибриња беа најуспешни.
Во генерација 2012/2013 првото место го освоија екипата на МБА Академија од Крагуевац, 2010/2011 победник беше еипата на Црн Дрим од Струга и во категорија – жени 2011/2012 победник Струга 2009 исто така од Струга.
Овој турнир се надеваме дека од година во година ќе расте се повеќе и ќе биде препознатлив бренд не само во регионот туку и пошироко. Веќе се потпишани меморандуми за соработка и следната година очекуваме околу 600 учесници во три смени.
КК Колибри уште еднаш се заблагодарува на соработката на Општина Охрид, ЈП Билјанини Извори, Почесниот Конзул на Р. Србија во Охрид и на нашите пријатели и подржувачи сите овие години.
КК Колибри Охрид, ги продолжува своите активности и од понеделник заминува на Кошаркарски Камп во Чајн , Црна Гора.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани