Се е подготвено за „Вевчански видувања 2024“

Се е подготвено за официјалното отворaње на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“, која ќе се одржи на 22 јуни, во 20.30 часот, во ресторанот Виа Игнација во Вевчани.
Оваа година по 13. пат Меѓународната ликовна колонија собира разнолика група талентирани уметници од целиот свет кои ќе творат во периодот од 22 јуни до 6 јули, односно: Доне Милјаноски, Зоран Јакимоски, Томе Мишев, Синиша Кашавелски, Петар Попчев, Данчо Ордев, Владимир Темков, Трајче Блажевски, Ангел Миов, Фехим Хушковиќ, Глигор Васков, Ване Костуринов, Љупка Василева од Македонија; Далас Атент и Робин Шварцман од САД; Нина Русева од Бугарија; Кристоф Бартник и Барбара Бартник од Полска; Миролјуб Сретеновиќ, Миливоје Штуловиќ, Ивана Живиќ, Даниела Радовиќ Хес, Каќа Ѓорѓевиќ, Ѓорѓе Станиќ, Тодор Јовановски од Србија; и Самела Белјази од Албанија.
Големото отворање претставува спој на музиката и останати визуелни уметности, со настап на дуо со стилски и естетски разновиден избор на дела за флејта и пиајно, како и изложба на најдобрите дела на македонските сликари од претходните колонии.
Покрај учеството на познати сликари, и оваа година колонијата реализира посебен настан: „Детска ликовна школа“, која ќе поттикне креативност и уметничко изразување помеѓу најмладите таленти. Исто така, во соработка со Шпаркасе Банка и оваа година во Вевчани ќе дојдат млади студенти и новодипломирани сликари, кои имаат уникатна можност да работат заедно со утврдени уметници и да стекнат непроценливо искуство.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ изминатите 13 години прерасна во значаен културен настан кој поттикнува креативност, соработка и културна размена. Оваа година колонијата има за цел да ја продолжи оваа традиција, обезбедувајќи платформа за уметниците да создаваат и да инспирираат.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани