Големиот празник во чест на Свети Јован Владимир, деновиве на 4 јуни, беше одбележан и во истоимениот манастир во Елбасан Албанија.
Пред бројните верници свештениците ги открија исцелителните, свети мошти на светителот. Јован Владимир (околу 990 – 4 јуни 1016) е зетот на Цар Самоил за ќерката Косара, владетел на Дукља од околу 1000 до 1016 година. Убиен е подмолно од Јован Владислав во Преспа и е прогласен за прв српски светец.
Погребан е во Преспа, во истата црква пред која е убиен. Неколку години по неговата смрт, Косара ги пренела неговите мошти во црква близу неговиот двор во Дукља. Од 1381 година неговите мошти се чуваат во Манастирот на Свети Јован Владимир во Елбасан, а од околу 1995 година во православната соборна црква во Тирана. На 22 мај, за време на празникот на светецот, неговите мошти се носат во манастирот во Елбасан, каде на тој ден се собираат верници. Всушност, моштите на светецот се чуваат на неколку места: Света Гора (черепот), црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид (раката) и Тирана (горниот дел на телото). Во септември 2016 година, во Барбила осветена голема црква посветена на св. Јован Владимир.[