Германската национална ТВ деновиве објави прекрасна 45 минутна репортажа за македонија и Охрид.
Насловена „Земји – луѓе – авантура Северна Македонија – помеѓу носии и мини-море“, германските новинари ја опишуваат традицијата, обичаите, занаетите, убавините и севкупниот живот во земјава.

-„Северна Македонија потекнува од република Југославија. Ако сакате да откриете непознати светови, имате добри шанси да ги најдете во оваа млада балканска земја. Распослани планини, кристално чиста вода во езерата, оригинални села и вековни обичаи. Сепак, Северна Македонија, која граничи со Србија на северот и Грција на југ, се смета за една од најсиромашните земји во Европа, пишува германската ТВ.
Познатиот изработувач на оригинални охридски бисери Михајло Филев вели оваа репортажа која го долувува духот на нашата земја ќе придонесе за туристичка промоција на Македонија и Охрид во Германија.

-„Оваа промоција на Охрид ќе допринесе за зголемувае на бројот на посетители од пријателска Германија и целиот регион кој што ќе се уверат и уживаат во целокупната содржина и срдечноста на нашата бајка македонија“, вели Филев.
Филев е дел од репортажата на германската ТВ. Тој љубезно раскажува како се прават скапоцените охридски бисери со кои се китат светски познатите личности.
