ВИДЕО: ТВМ еден ден во дневниот центар „Зраци“

Музика, песна,, насмевки, прегратки и многу љубов. Се` ова зрачи во дневниот центар „Зраци“ во пресрет на Новогодишните празници.

Тука се згрижени 15 штитеници, кои после цели 15 години секојдневна дружба живеат како едно големо семејство.
Во улога на родители се дефектолозите Зоран и Евица , кои со многу позитивна енергија и трпение се трудат лицата со интелектуална попреченост – како свои деца да ги подготват за самостоен живот.

– „Малку неконвенционален пристап во работата, не е класична образовна институција туку е подготовка на корисниците за самостоен живот. Кога велам подготвување за самостоен живот тоа подразбира почнувајќи од најосновните работи, бидејќи се работи за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост. Почнување од учење нормално за тие кои не знаат од миење раце, па понатаму до пососфистицирани техники за самостоен живот“,вели дефектологот Зоран Костадиноски.
Најмладиот штитеник во дневниот центар „Зраци“ е 25 , а најстариот 51 година. ТВМ мина еден ден во друштво на овие прекрасни лица, кои живеат во еден поинаков свет , во кој нема злоба, љубомора и гнев. По раката ме галеше Теодора , Саше ми аплаудираше, а Ивана пееше песни од омилениот Џибони на нашиот микрофон. Тони не почести со скапоцена насмевка.
-. Сакаш да правиш украси? Да Кој ја красеше елката? Ние сите заедно Сите!
– Кој пее најубаво песнички овде? Ивана.
– Кој ти е омилен пејач? Џибони и Јордан Митев.

Сами се грижат за хигиената на домот, чистат заедно, но и готват. Тој ден Царе беше на ред да ги покаже своите вештини во кујна. Во топла опуштена атмосфера заедно направивме вкусни шпагети во сос.

„Јадењето е буквално како дома маџи таков тип на јадење.Од набавување на намирници, подготвока, спремање на кујната, корисниците се поделени во групи по двајца во група а тоа е ротирачки се одредени за даден ден да бидат во кујна“, појаснува Костадиноски. 

Не е секој ден песна. Сите имаат различни афинитети ,па ако некој не е расположен да црта, учи или бои, не е строго задолжително придржувањето кон дневниот ред, ќе може да гледа ТВ или едноставно да одмари.
Заедно слават родендени, имендени, слави , празници. Велигден, Божиќ, Василица. Посетуваат институции, золошки градини, прошетки во природа. Ова големо семејство заедно патува и на летен одмор. По една седмица годишно уживаат на брегот на Дојранското езеро. Штитениците се послушни, мирни, дисциплинирани, грижливи и сложни.

 „Желни сме за подалеку. Одиме во Дојран каде седиме седум дена. Буквално летување со плажа, одмор рекреација0627 Во овие 15 години ние никога не сме имале проблем со непослушност. Секогаш се знаело кој е ги кажува правилата и никогаш не сме имале проблем со отстапувања. Една од причините е што самите корисници меѓусебе се една пријателски настроена група“-, вели Костадиноски.

Изминативе 15 години не грееаја само сончеви зраци. Имаше тешки денови. Трнелив пат. Прво сместени во мало станче кое стана претесно за големиот број корисници, Денес со силниот дух на дефектолозите, кои со години работеа волонтерски и со поддршката на општината се1 функционира непречено.

-„Во овие простории денес ако гледаме ни се платени сите режиски трошоци, греење, струја вода. Добиваме средства од општината за храна и ние добиваме одредени примања во сите овие години што е најважно, вели Костадиноски.
Сонот на дефектолозите е дневниот центар „Зраци“ да прерасне во 24 часовен згрижувачки центар за лицата со посебни потреби.

„Како кога почнавме ни беше идеал да работи да профункционра како дневен центар постои еден друг идеал ова да биде центар за целодневно прифаќање на лица со попреченост. Мене ми е јасно дека во овој момент тоа е скапа работа подразбира големи инвестиции асистенција од брза помош, спални соби подруг тип на уредување., бидејќи згрижување од 8 до 16 часот не е доволно“, вели Костадиноски.

Сами си ја украсија Новогодишната елка, а деновиве прават честитки. Овие насмеани лица желни за дружба и социјализација заслужуваат да им се остварат соништата.

Новинар Соња Рилковска

ФОТОГРАФИИ:


Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани