Охрид е непресушна иснпирација за туристите, уметниците и медиумските работници. Последното прекрасно видео во кое се преточени убавините на Охрид е направено од Италијанската ТВ.
Во документарецот се опфатени Охридското Езеро, Охридскиот Бисер, Свети Наум, Белчишта, Вевчани, Велгошката Ракија и локални специјалитети од Охридскиот крај.
Документарецот, кој трае триесеттина минути го изработи екипа од италија со помош на охриѓани под водство на новинарката Анализа Лосако.
