Изработено промотивно видео за Охрид, како дел од туристичкиот серијал „Ова е Македонија“.
Соработката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија со Travel TV, првата телевизија за туризам, патувања и авантури во Источна Европа резултираше со реализација на ова прекрасно видео кое ги презентира волшебните убавини на главниот туристички центар.
– „Видеото е емитувано на каналот Travel TV, кој веќе има произведено повеќе од 2.500 филмови и филмски формати, кои се прикажуваат во повеќе од 90 земји. Во најава е реализација на информативно патување за екипата од Travel TV за промоција на престојната Галичка свадба, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, од каде додаваат дека ќе ги споделат сите информации и активности кои ќе произлезат од промоцијата на еден од најзначајните традиционални настани во нашата земја“.
Ова е видеото eмитувано на каналот Travel TV.
