Високи награди на државни и меѓународни литературни конкурси за учениците Сергеј Костовски и Сара Џелили под менторство на професорот Перчо Божиновски.
Сергеј Костовски ученик во четврта година во ДСУ Спортска Академија – второ место на 10 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и трето место на 11 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.
Сергеј Костовски освои и прво место на државниот натпревар МАССУМ за најдобра поетска творба добивајќи сипендија од ФОН Универзитетот за прв циклус студии.
Сара Џелили ученичка во втора година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – второ место и на 10 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и на 11 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.
Едно прво, три втори и едно трето место за учениците вљубеници на пишаниот збор коишто секогаш освојуваат високи награди за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.