Охрид конечно ќе се раздолжи. Општината прави планови како да го „симне товарот“ наталожен со децении.
Финансиската консолидација е клучна за реализација на капиталните проекти, смета градоначалникот на општина Охрид Јован Стојансоки.
Изминатава година Стојаноски успеа да врати дел од долгот, но финансиската инекција од владата која ќе покрие 51% од наталожените долгови конечно ќе значи раст и развој во општината.
Општина Охрид пријавила 971.132.394 денари долг или околу ( 16 милиони евра) од кој владата ќе покрие 51% или околу 8 200 000 евра. Планот е да се исплатат долговите кон најголемите доверители, а при тоа од нив да се бара да се откажат од каматите.
Ова го појасна градоначалникот во емисијата „П?АШАЛНИК“ на регионалната ТВМ телевизија.
Повеќе пари од буџетот за општините со поголеми долгови, а помалку за оние со помали долгови, предвидува рамномерниот регионален развој. Целта е да се подмират долговите, кои 98% се кон домашните компании.
Заклучно со септември оваа година општините пријавиле долг од 97,5 милиони евра. Најголеми долгови имаат општините Охрид, Тетово, Карпош и Куманово, а најмали Валандово и Дојран. Со 50 милиони евра ќе се помогнат општините од буџетот за 2019-та година.
