Владиката Тимотеј ги даруваше најмладите

Владиката Тимотеј ги даруваше најмладите.

Рождеството Христово му носи радост на сиот свет, но тоа особено го чувствуваат најмладите, чисти по срце дечиња, кои без никакво очекување, просто и од срце, се радуваат на Младенецот. Како и секоја година, и во ова лето Господово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во административните простории на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, ги пречека дечињата на свештенството и вработените во Епархијата. Дечињата му го честитаа големиот ден на раѓањето Христово на дедо Владика, а тој, како нивни вистински духовен пастир и татко, им подари пригодни пакетчиња и им возврати на поздравот: Христос се роди!

 boziknajml2019 1boziknajml2019 2boziknajml2019 3boziknajml2019 4boziknajml2019 5boziknajml2019 6boziknajml2019 7boziknajml2019 8boziknajml2019 9

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани