Влажните марамици не смеат да се одлагаат во канализација

Хигиенските влошки и влажните марамчиња кои граѓаните ги фрлаат во канализација се главните причини за затнување и проблеми во канализационата мрежа.  Ова се материи кои не се распаѓаат. Влажните марамици не смеат да се  одлгаат во канализационата мрежа, бидејќи предизвикуваат проблеми на пумптните станици во Охрид.

-При редовните  контроли на пумпните станици  екипата  која ги одржува истите,  честопати констатира дефект на пумпна станица пред хотел Александрија. а често има и дефекти  на пумпната станица Канео. Најчесто се причинува голема материјална штета. Во повеќе наврати сме апелирале за подигање на свеста на граѓаните за правилно одлагање на цврстиот отпад каде посебен акцент сме ставале на влажнте марамици. Испраќаме повторно АПЕЛ !!! особено до издавачите на туристичките објекти да ги информираат гостите за правилно одлагање на цврстиот отпад и штетноста од истиот доколку не се придржуваат до препораките. Само со заеднички заложби можеме да допринесеме за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и да го направиме престојот на нашите гости попријатен, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани