Почнуваат акции за подигнување кабаст и зелен отпад

Календар за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид
Од 10.05.2024 год. започнуваме со реализирање на Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид
Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад
На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот
Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации можат да се јават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани