Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, едно од многуте ветувања на СДСМ, охриѓани за возврат од нив добија двојно поголеми сметки за колектор и нови непродуктивни партиски вработувања, пишуваат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Останаа само сликите и празните зборови и покрај спроведениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина со кој се потврдува дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро кај Воска.
За ваквата неспособност и тоталната незаинтересираност за заштита на животната средина и езерото неопходна е оставка од директорот на ЈП „Колекторски систем”, Владимир Алексијоски.
Колекторот е нефункционален, а неажурноста на централната власт предводена од СДСМ да го реши проблемот е очигледна.
СДСМ и покрај огромните финансиски средства не го исполни своето ветување за решавање на колекторскиот систем со цел граѓаните да имаат чиста и квалитетна езерска вода, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид.