Се одржа Генералното второ собрание на граѓанската организација „Инклузија“, која што активно постои и работи веќе 11 години.
Претседавач на собранието беше Игор Пешевски, присутните делегатите ги гласаа Вахид Мемед, Елена Ристеска, Крсте Пурцов, Емилија Кацелиноска, Мухамед Максуд, Сара Ѓоргоска и Евгенија Шулевска како членови во управниот одбор на Граѓанската организација „Инклузија“.
Во надзорен одбор беа изгласани Игор Пешевски, Фани Милошева и Ариф Бичак.
За генерален секретар на граѓанската организација „Инклузија“ е реизбрана Весна Цветаноска, додека за претседател на „Инклузија“ реизбор имаше Вахид Мемед.
За координатор за финансии и администрација е избран Ристе Ристески, дипломиран економист, за координатор за комуникација и логистика е избрана Елена Ристеска, допломиран политиколог и координатор за млади и волонтери е избрана Адела Абас .