ВМРО Дебарца: Дали СДСМ го одобрува расипничкото работење на нивните кадри?

ВМРО Дебарца прашува: Дали ОО СДСМ Дебрца го одобрува расипничкото работење на нивните кадри?

 

-„И по три дена од објавувањето на кварталниот извештај за ЈКП Дебрца каде се гледа како расипнички и недомаќински раководат со јавните установи кадрите на СДСМ се уште има молк. Поради тоа уште еднаш ги прашуваме дали го оправдуваат и одобруваат ваквото недомаќинско и расипничко работење каде и покрај зголемувањето на цената на водата за цели 20% прават огромни загуби за непродуктивни трошења. Доколку не го оправдуваат ваквото работење зошто раководството на ОО СДСМ Дебрца не побара од Градоначалникот Ногачески разрешување на нивниот Директор кој лично тој го назначува за Директор во ЈКП Дебрца или ова е синоним за нивното (не)работење во партиципирањето на власта. п.с.Дебрца на прав пат во кафана!“, стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебарца. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани