ВМРО ДПМНЕ: Две недели гори и чади депонијата кај Буково

СДСМ и градоначалникотГеоргиески и натаму одат спротивно препораките на УНЕСКО за Охрид.

Ова беше кажано на денешната прес конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Божиноски понатаму истакна: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад. Но, се случува сосем спротивното. Власта на СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на Мауцкер.Рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. Депонијата Мауцкер пред околу десет месеци, како што се пофалија тогаш од Општината и Јавното претпријатие, беше расчистена, а за таа цел беа потрошени два милиони денари, нагласи Божиноски.
– „Го потсетуваме Георгиески дека зборот беше дека во иднина локацијата тековно ќе се одржува односно ќе се следи ситуацијата за да се спречи повторно одлагање отпад на тоа место.Зошто сега зборот не важи?
Очигледно дека бизнис тендерите се поважни и зборот не важи, па токму оние кои тоа го велеа, денеска повторно одлагаат отпад на Мауцкер. Во екот на туристичката сезона веќе две недели гори и чади депонијата кај Буково. Власта очигледно не е во можност да се справи со запалената депонија веќе две недели. Покрај сериозниот проблем со дивоградбите создадени од урбаната мафија и негрижата оваа Локална власт не може да се справи ниту со депониите.Ниту УНЕСКО, ниту препораки. За СДСМ и Георгиески бизнис интересите и новите возни паркови се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид. На ваквата Локална власт местото и е на буништето на депониите“, беше заклучокот на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани