Георгиески не е способен да ги стави во функција рампите кај Горна порта, обивнија денес преку партиско соопштение од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
И по една недела од најавата рампите за влез и излез во стариот дел на градот кај Горна порта не функционираат.
Единствената главна инвестиција на Георгиески и локалната власт за сите четири години се рампите и нивната нефункционалност иако беше најавувано дека ќе функционираат од 1 јули.
Власта повторно создава хаос во сообраќајот и паркирањето како за жителите така и за туристите кои престојуваат во Охрид.
Зошто Георгиески не го спроведува режимот на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила?
Што ќе се случи доколку е потребна итна интервенција како брза помош, пожарна и слично?
Власта на СДСМ и Георгиески е синоним за хаос и неорганизираност.
За ваквото однесување СДСМ и Георгиески ќе бидат казнети на претстојните локални избори, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ Охрид.