ВМРО ДПМНЕ: Инфраструктурна стагнација и дивоградби во Охрид

ВМРО ДПМНЕ-Охрид посочи на инфраструктурна стагнација во Охрид и на локалната и постави многу прашања.

Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, заклучи општинската ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Претседателот Сашо Донев, кажа дека објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба и праша дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција?
Донев, до локлалната ги постави и овие важни прашања: Дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР? Дали новата автобуска постојка кај пекара ,,Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема?
Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”? Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци?
Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така? Во иднина ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци?
Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел?
На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа, беа прашањата упатени до актуелното раководство на општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани