ВМРО ДПМНЕ: Исфарбаните пешачки премини одма се бришат

Со Георгиески исфарбаните пешачки премини одма избришани, градот најнесреден, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Георгиески не е способен да спроведе едно обично обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.Откако пешачките премини беа исфарбани за само десетина дена се избришани, скоро и да несе препознаваат.Георгиески да одговори зошто пешачките премини ги фарбаат фирми од Гостивар, а не јавните претпријатија од Охрид?Колку народни пари потроши Георгиески за белата боја да ја нема?Дали имаше надзор во работата?Кој и зошто не води сметка за извршените работи и квалитетот во изведувањето?На ваков аматерски начин не се подобрува безбедноста ниту на пешаците, ниту на останатитеучесници во сообраќајот.Георгиески да каже дали Охрид во минатото бил некогаш понесреден и понечист од тоа што есега?Георгиески воопшто не води никаква сметка како и за што се трошат парите на охриѓани.За недомаќинското и неодговорно работење на Георгиески доаѓа казната од граѓаните на локалните избори, стои во соопштението за јавност.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани