ВМРО ДПМНЕ Охрид ја презентира Програмата за Обнова на туризмот.
.jpg)
-Претседателот на поткомисијата за туризам – господин Зоран Николовски ги изнесе најзначајните проекти кои се фокусирани на развојот на туризмот во Охрид и Македонија.
Институционални реформи во областа на туризмот, јакнење на развојниот потенцијал на туризмот, градење на човечките ресурси, градење на маркетинг капацитети за промоција на туризмот, збогатување на туристичката понуда…се дел од мерките кои нудаат Обнова на туризмот во Охрид и Македонија.
Охриѓани добија одговор на прашањата за кои беа заинтересирани од типот на програмската понуда фокусирана на развој на целогодишниот туризам, размислувањата по однос на УНЕСКО статусот, надминување на состојбите со пандемијата која сериозно го закочи туристичкиот развој и др.
Денес не сакавме да ја критикуваме власта (иако има многу за критикување во областа туризам) затоа што сакавме ова да биде еден конструктивен ден и ден исполнет со убави мисли за развој и унапредување на туризмот кој е најважната гранка за Охрид и охриѓани.
Затоа само ќе потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ многу пати покажа и докажа како се исполнуваат дадените ветувања и како се запазуаат ветените рокови. Се обврзуваме така да биде и следните 4 години. Бројот 14 за Атрактивен и модерен туризам!, повикаа од трибината на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
.jpg)
