Вмро Дпмне со обвинувања на адреса на Ногачески.

-Пред еден месец Градоначалникот во заминување Ногачески помпезно објави дека извршил санација на балон салата Аминта Трети во с. Требеништа каде што за санација и за изработка на акрилна подлога на тениско игралиште потроши 175.000,00денари. Но за жал сликите покажуваат дека тие пари залудно ги потрошил, а од санација нема ни С. Затоа со преземањето на локалната власт во Дебрца од страна на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во спортот и спортската инфраструктура ќе се зголемат, а пред се ќе се изврши санација на се што е уништено бидејќи очигледно не се способни да го одржаваат она што е изградено во времето кога општина Дебрца ја водеше ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението до јавноста од ОК ВМРО-ДПМНЕ – ДЕБРЦА.
