ВМРО ДПМНЕ Охрид: Георгиевски безидејни сте, ги препишувате нашите проекти

Граѓаните знаат кој воведе субвенционирање на странскиот организиран туристички промет.

На денешната прес конференција од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, побараа Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија на меѓународните саеми и кој е заслужен за постигнатата бројка на странски туристи со која денес се фалат и зошто пред граѓаните и хотелеирите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ?
Во врска со изјавата на Заев: „Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања“, ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид праша: Со која мерка дојдовте до оваа бројка на туристи господине премиер?
Ако нивниот лидер Зоран Заев се раководи од неговото основно начело ветувам-негирам-заборавам, а Георгиески го следи истотот начело, тогаш ние сме тука за да ги потсетиме на нивната крајна безидејнот, со која не само што не одиме напред, туку и назадуваме со брзина на познатиот – квантен скок,заклучи Лидија Петкоска,од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
– Како што Георгиески безидејно ги препишува мерките и проектите предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво така без ниту една додавка си го пресликавте истото и на централно ниво.Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет? Навистина, не славевме со чочеци, затоа што она што е најважно за ВМРО-ДПМНЕ е задоволството кое ќе го почувствува граѓанинот, рече Петкоска, и праша: Како министерот Бектеши се дрзнува да ги нарече новитети, мерките кои беа предвидени со програмата на ВМРО-ДПМНЕ?
Петкоска посебно нагласи дека туристичката инспекција беше предвидена и изгласана уште на 76-тата седница на Владата, на 26 мај 2015 година и запраша: Што се случи со планот за живот за 2018 година кога ветувавте модерен туризам, здравствен, спортски и каков уште не, со кои ќе се позициониравме како посакувана дестинација на туристичкиот пазар?
– Ќе го проширевте целниот пазар, здравствениот туризам ќе донесеше работни места за доктори, физиотерапевти, па нели ќе немаше потреба да бараме доктори од странство?
Ќе инвестиравте во нови хотелски капацитети и Охрид во 2018 година ќе станеше конгресна дестинација. Од сето тоа граѓаните ништо не видоа и заслужено добивте една голема нула од нив, рече Петкоска.
Единствена уникатна идеја која на никој, само Вас, не може да му падне напамет е легализацијата на марихуаната со која ќе привлекувате туристи – секако, ако народот Ви го дозволи тоа! Здружението на хотелиери веќе донесе заклучок дека се против легализација на марихуаната за рекреативни цели во охридско-струшкиот регион.Токму затоа, на 21 април од народот ќе ја добиете и втората заслужена нула за вашата безидејност, беше констатирано на денешната прес конференција во ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани