ВМРО ДПМНЕ: Општината нема капацитет да се справи со депонијата Буково

И денес гори депонијата во Буково, а Георгиески се занимава со партиски трибини за да шири лаги и невистини, обивнуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 

-Туристичката сезона во Охрид започната, а повеќе од една недела непријатна миризиба и чад од депонијата Буково ги труе жителите и туристите.

Георгиески нема капацитет да се справи со запалената депонија иако е една од главните забелешки во препораките на УНЕСКО.

Досега веќе требаше проблемот да биде решен, а не Георгиески да парадира на партиски трибини и да ги лаже охриѓани за нови проекти кога никој досега не видел ниту еден капитален проект.

Георгиески и надлежните се платени од граѓаните за да работат, а тие спијат и не се способни да ја спроведат работата за која се поставени и ангажирани.

Ваква незаинтересирана власт охриѓани не заслужуваат и за брзо ќе ја казнат на претстојните избори, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид 

Social profiles